Пеп Гвардиола ги опиша како „апсурдни” шансите на Манчестер Сити да ги освои сите четири можни натпреварувања, во кои учествува оваа сезона.

„Не. Сигурно не. Не верувам дека е можно. Ние сме во едно финале, но нашата цел е да се освои следната средба. Не гледаме постојано на табелата, туку се трудиме да сме подеднакво подготвени за секој судир. Тоа е она што го научив од големите клубови. Тие не играат некоја средба како да се на одмор, туку се обидуваат секогаш да победуваат. Така се станува вистински клуб, само со оваа филозофија може да се надградиш“, изјави Гвардиола.

„Граѓаните” официјално се во финалето за Лига Купот по убедливиот успех во првиот полуфинален натпревар против Бартон Албион со 9:0, а освен тоа се во битката за титулата во Англија, во 1/8-финалето во Лигата на шампионите и во четвртиот круг од ФА Купот.

Вечерва од 21 часот, Манчестер Сити го пречекува Вулверхемптон во последниот дуел од 22-то коло на Премиер лигата.