Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен, со симптоми на морбили. Во моментов има 26 хоспитализирани пациенти од морбили.
Најмладиот пациент е осуммесечно бебе, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца. Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили (мали сипаници).
Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2.008 лица, а само денеска до 13 часот МРП вакцината ја примиле 104 деца, информираат од Министерството.
Од Министерството повикуваат на вакцинација на децата, и потестуваат дека е прогласена епидемија од морбили.
Има доволно количини од МРП вакцините. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, посочуваат од Министерството.
Comments are closed for this post.