Гласањето недоверба на Владата на Ципрас, откако неговиот коалициски партнер се повлече од владејачкото мнозинство поради договорот со Македонија за името, е многу голем влог, пишува „Фајненшал тајмс“ (ФT).

Тој влог, како што наведува „Фајненшал тајмс“, е висок не само за грчкиот премиер Ципрас туку и за Скопје, како и за Балканот и ЕУ.

Билатералниот договор меѓу Атина и Скопје потпишан минатата година, со кој се предвидува Македонија да го промени името во Република Северна Македонија и со тоа се става крај не деценискиот спор меѓу двете змеји, ја отвора врата на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ, што ќе претставува поттик и за петте соседи од Западен Балкан, кои исто така сакаат да се приклучи земјата кон европскиот блок, пишува британскиот весник.

Весникот исто така додава дека Ципрас сега мора да се бори за мнозинство во парламентот, каде што неговата партија има 146 од 300 пратеници, ФТ додава дека неуспехот на Ципрас би го довел во прашање договор за промената на името на Македонија, кој во петокот го одобри Собранието на Република Македонија.

Весникот потсетува дека договорот за решавање на спорот за името, кој во јуни го потшишаа грчкиот и македонскиот премиер, е од клучно значење и за договорот за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, иако постои загриженост кај некои членови на Унијата. Поддржувачите за проширување на ЕУ веќе водат борба со скептичните земји како Франција и Холандија дека Македонија остварила конкретен напредок во реформите потребни за започнување на преговорите, додава ФТ.