Елена Контура која што лидерот на Независни Грци,Панос Каменос ја отстрани од пратеничката група е поранешна манекенка. Има 58 години и е сегашна министерка за туризам.
Според пишувањата на грчките медиуми, како благодарност што ќе гласа за договорот од Преспа таа се очекува да остане на чело на ова министерство.
Костас Заури кој беше жестоко против Договорот од Преспа се зборува дека ќе добие министерско место во министерството за Македонија и Тракија.
Спирос Данелис пак ќе се задоволи со нов,загарантиран мандат на следните избори
Воениот адмирал, Евангелос Апостолакис, за кој исто така се говори дека ќе гласа „за“ се очекува да го замени лидерот Каменос во министерството за одбрана.
Comments are closed for this post.