Тројца мажи загинаа во лавина во близина на австрискиот ски центар Лех Ам Арлберг. Се трага по четвртиот, кој засега се води за исчезнат.
Во Франција пак, загинаа двајца вработени во скијачкиот центар Морилон. Лавината ги убила, а во регионот на Савои и Хојте-Савои на сила е „црвен-аларм“ заради опасност од лавина.
Clearing snow off a roof in Flachau, Salzburg, Austria on January 12. Report: Wintersporters IG pic.twitter.com/MkH33DYSG4
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) January 13, 2019
Екстремните зимски услови, огромни количини снег и ниски температури, во последните седум дена ширум Европа однесе вкупно 26 животи. Седумгодишно дете загина откако врз него паднало стебло во Германија, 16 годишник починал од лавина во Австрија и 27 годишен маж загинал во лавина во Словачка.
Лавина им го одзела животот и на млада Швеѓанка и на тројца скијачи од Финска во Норвешкиот град Тромсо.
Во Австрија во текот на изминатит седум дена паднала рекордна количина снег, а нови количини и до два метри нов снег, се најавуваат во текот на следните три дена.
Nach dem heftigen Schneefall ist am Donnerstag im Bereich der #Schwägalp eine #Lawine niedergegangen.
-> https://t.co/7u7ZyjFdCE pic.twitter.com/L5AbR7YuMX— Tagblatt.ch (@tagblatt_ch) January 10, 2019
Во Швајцарија лавина потполно го затрупа хотелот Санти во Швагалп. Повредени се три лица.
Ова се случува еднаш во 100 години
Ваква количина снег на висина од 800 метри надморска височина се случуваат на секои 30 до 100 години, изјавил Александар Радлхер од австрискиот Институт за метеорологија.
Comments are closed for this post.