Минусните температури и снегот однесоа уште една жртва во Албанија. Станува збор за 53-годишен жител на селото Горно Селце, кој е пронајден замрзнат во местото Проптиште кај Корча.

Тој, пред два дена со магаре заминал во Проптиште по набавка на прехрамбени артикли за семејството, но не се се вратил. Откако магарето се вратило без сопстевникот, блиските и соселаните тргнале да го побараат и го пронашле неговото тело.

Ова подрачје со денови е под дебела снежна покривка и минусни темератури кои се движат  до минус 21 степени Целзиусови.

Првата жртва на студот во Албанија годинава, исто така, беше регистрирана во подрачјето на Корча. На 5 јануари, како поседица на студот, почина 58-годишен жител на селото Равоник.

Подрачјето на Корча секоја зима е погодено од големи снежни врнежи и минусни температури, кои во просек одземаат по пет човечки животи.

Во Албанија денеска почна да паѓа нов снег, а многу подрачја се уште се блокираниод уште од претходните снежни врнеж