Партијата „Независни Грци“ нема да го поддржи гласањето доверба во грчкиот парламент, изјави лидерот на партијата Панос Каменос. Тој дури се закани и со исклучување од партијата на пратениците кои би гласале позитивно.
Сепак неизвесно е дали ова ќе значи и недоверба за владата на Ципрас бидејќи според пишувањатана грчките медиуми Каменос немал контрола врз сите пратеници. Затоа е можно владата на Ципрас и да обезбеди поддршка.
Каменос денеска поднесе оставка од ункцијатаинистер за одбрана во грчката влада. Можно е за доверба на владата да се гласа во вторник.
Comments are closed for this post.