Постигнат е договор со крилото на Беса на Биљал Касами, информираше денеска на прес-конференција во Собранието портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Се очекува да започне собраниската седница.
На прашањето да каже за што конкретно се договориле, Костадинов рече дека подоцна ќдвете партии ќе излезат со заедничко соопштение.
Во врска со тоа дали е обезбедно двотретинско мнозинство за последната фаза од уставните измени Костадинов нагласи дека се вложуваат сите напори и оти се оптимисти дека потребното мнозинство до чинот на гласањето ќе биде обезбедно.
Истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со избегнување на целиот овој процес, вклучувајќи го и избегнувањето на дебата во Собранието за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа всушност го прави најголемото предавство на државните и националните интереси.
Граѓаните сакаат иднина, напредок и просперитет, граѓаните на Македонија ја сакаат земјата во ЕУ и НАТО, враќање назад во изолација, црнила и темно минато нема да има. Продолжуваме со сите напори да ја обезбедиме иднината за граѓаните во Македонија. Таа ќе биде членка на ЕУ и НАТО, но секогаш ќе останат запаметени Мицкоски, Груевски, Бачев, Иванов како некои кои ја попречувале иднината и работеле против интеграциите, рече Костадинов.
Comments are closed for this post.