Постигнат е договор со тетовското крило на БЕСА кое го предови Билал Касами, соопшти пред малку портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Костадин Костадинов.

Вложивме напори и оптимисти сме дека со чинот на гласање ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство. Најостро ги демантираме шпекулациите за притисок врз пратениците, рече Костадинов.

Се’ уште не се знае кога ќе почне продолжението на седницата за уставни измени.