Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната изјава на Христијан Мицкоски и ставот кон Договорот кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од една страна пред меѓународните претставници им кажува дека е конструктивен и дека е за ЕУ и НАТО, но од она што вчера го кажа кога не повика на протест, туку на отпор, сос што ја покажа патеката по која неговите поддржувачи треба да одат, е да се приклучат на протестите.
Дали тоа значи дека ќе прават нов 27 април. Тоа сигурни нема да го дозволиме. Што и да прават тие нанесуваат само штета на Македонија. Кога човек нема став тоа е штетно и за најмала политичка партија, а за големите партии е катастрофално. Тој влегува од еден проблем во друг, но најлошото е што тие проблеми стануваат проблеми на државата. Непријатно е чувството од тоа што тој го продуцира – пратеници да поминуваат низ одредена драматургија. Секоја закана и ширење на омраза, секоја недозволена активност на кој било граѓанин очекувам МВР да ја санкционира согласно закон. Луѓето кои веруваат во Договорот и иднината на Македонијуа минуваат низ пекол и тоа е продуцирано од г-н. Мицкоски и неговата партија. Не само што не и помага на Македонија, туку прави несогледливи последици и остава трага во нашето општетство, рече Заев на прес – конференцијата по промоцијата на сертификатот за првиот овластен економски оператор.
Заев изјави дека не очекувал таква неодговорност, но оти секој на крајот ќе треба да си ја понесе својата одговорност.
Силна опозиција треба да значи и одговорност за државата, а овде тоа го нема, оценува премиерот Зоран Заев.
Comments are closed for this post.