ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на граѓанскиот протест пред Собрание против насилните уставни измени и самиот протест е реакција на насилната акција на власта за носење на уставните измени, и самиот собир ВМРО-ДПМНЕ нема да го злоупотреби во тесно партиски цели, велат од партијата.
И покрај уфрлените елементи кои сакаат да го дефокусираат самиот протест граѓаните покажаа достоинство и не подлегнаа на поединечните провокации. Тоа преставува изолиран и очаен обид на власта да го пренасочи вниманието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес јасно го изрази својот и ставот на партијата дека ВМРО нема да поддржи уставни измени и нема да даде легитимитет на нешто што нема легитимитет од народот. Во текот на утрешниот ден Мицкоски во својство на еден од многуте граѓани ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.