Компаниите кои  ќе се откажат од каматата и 15% од главнината, ќе имаат приоритет за исплата на побарувањата кои ги имааат од општините.  Ова на општините им го овозможи Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски.

„Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%“ – член 12 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски.

Откако Владата реши да им помогне со 50 милиони евра да вратат половина од долговите,  тие сега бараат фирмите целосно да им ги простат каматите и да се откажат од дел од главницата.

Бизнисот негодува бидејќи приоритет ќе имаат оние фирми што ќе прифатат што повеќе да ги намалат побарувањата од локалната власт.

Од компаниите  велат дека се чувствуваат уценети и сметаат дека ако не ги прифатат условувањата од општините, нема да видат ниту денар. Освен тоа, општините сами ќе одлучуваат кон кои фирми ќе се раздолжуваат, па стопанствениците се плашат од селективност.

Голем дел од овие фирми кубурат со пари, земале кредити за да им сработат на општините, имаат трошоци, плаќаат даноци. Во просек чекаат општините да им платат 3 години, а некои од нив и многу подолго. Се наоѓаат на работ на егзистенција, па ако локалната власт не им плати во целост, некои од нив ќе стават клуч на врата. Дополнително, ако не се договорат со фирмите, општините ќе треба да ги вратат парите во државната каса.

Министерот за финансии Тевдовски истакна дека ако државата не ја дадела  оваа финансиска помош тешко  дека ќе беа исплатени  долговите кон фирмите