Министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, ја пречека својата колешка од Германија, Урсула фон дер Лаин, којашто денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.
За гостинката од Германија, беше приреден официјален пречек пред зградата на Министерството за одбрана, по што следуваат официјалните средби на двете министерки и разговорите на двете делегации.
Министерките Шекеринска и Фон дер Лаин имаат предвидено и учество на панел-дискусија во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.
Comments are closed for this post.