Сакаме да ја градиме Европа заедно со вас. Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен и дека на крајот ќе се движите по вистинскиот пат, изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин, којашто престојува во официјална посета на Македонија.

Референдумот претстои. Знам дека тој е поврзан со името на вашата држава, вашиот идентитет и историја, но сепак во овој референдум гледам голема шанса. Верувам дека граѓаните на вашите земја ќе земат активно учество. Од нашето искуство во врска со германското обединување можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат. И кога зборувам за искористување на шансата сакам да кажам дека зборувам за обединета Европа, дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас – изјави германската министерка.

Германската министерка за одбрана беше пречекана од својата македонска колешка, Радмила Шекеринска, а двете министерки ќе земат учество и на панел-дискусија во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Улогата на цивилното општество при
процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.

 

Изјави Шекеринска и Урсула фон дер Лаин

Posted by MИА.mk on Thursday, September 20, 2018