Македонската економија годинава ќе има раст од 2, 9 % , стои во најновиот извештај на Светска банка наречен “Глобални економски перспективи“. Светска банка предвидува дека 2018 – та година македонската економија ќе има раст од 2, 5%.
Во 2020 година според прогнозите на Светска Банка македонската економија ќе има раст од 3,2%, додека во 2010 година раст од 3, 3%.
Според банката, македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот.
Највисок раст во регионот ќе забележи економијата на Косово од 4,5 отсто во 2019 -та година. Под четири отсто раст ќе забележат економиите на Албанија (3,6), на Србија (3,5 отсто), Босна и Херцеговина (3,4 отсто) Црна Гора од 2,8 отсто.
Бугарската економија годинава ќе има раст од 3,1 отсто, додека на Хрватска 2,8 отсто.
Глобалната економија, пак, ќе забележи раст од 2,9 отсто во 2019 година и од 2,8 отсто во 2020 и 2021 година.
Евро регионот годинава ќе забележи раст од 1,6 отсто додека во наредните две години ќе порасне за 1,5 и 1,3 отсто.
Comments are closed for this post.