Вицепремиерот Бујар Османи нагласува дека од денеска започнува еден вид на вонредна состојба во јавната администрација, почнувајќи од министрите па се до последниот службеник со цел Македонија во јуни да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Уште од првиот ден да се мобилизираат сите можни ресурси во администрацијата, но и надвор од неа во пресрет на најважните месеци за евроинтегративниот процес на РМ. Ова е уште една историска година за РМ, но сега за жнеење на резултатите кои ги очекуваме од двата најважни процеса, интеграцијата во ЕУ и членството во НАТО. Од денеска, на некој начин, прогласуваме вонредна состојба во администрацијата, ги ставаме на располагање сите можни тела, сите луѓе од раководители, до министри, заменици, државни секртетари, до последниот човек со цел да се спроведуваат реформите, да се испорачаат резултати, согласно препораките од Советот на ЕУ, дадени минатата година во јуни. Но, и да има конкретни резултати од носењето на тие реформи, кои ќе ги направат општеството и државата поевропска и ќе дадат доволно аргументи да ги убедиме земјите-членки и формално да го почнеме датумот за преговори, рече Османи
Comments are closed for this post.