Триесет и осум годишниот А.В. жител на село Росоман синоќа пријавил во Полициската станица Кавадарци дека истиот ден, околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко-доверителски односи, по што скопјанецот пукал два пати од пиштол, но никој не бил погоден.
Како што соопшти МВР, кога стигнал таму А.В., заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател.
Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден, наведуваат од МВР.
На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница Кавадарци и е пуштен на домашно лекување.
С.К. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот
Comments are closed for this post.