Управата на аеродромот во германскиот град Минхен соопшти дека околу 90 авионски летови биле откажани поради силните снежни врнежи што ја погодија Централна Европа.


Последиците од ваквата одлука на минхенскиот аеродром предизвикува огромни проблеми во авиоснкиот сообраќај, со оглед на тоа што овој аеродром е втор по големина во Германија по тој во Франкфурт.

Откажувањата на летовите доаѓаат откако утринава во Јужна Германија, Австрија и Швајцарија наврнаа десетина нови центиметри снег.