Хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, изјави дека никој не може да ги доведува во прашање границите на БиХ, независоно од „случувањата на границата меѓу Албанија и Косово“.
Изјавата на Комшиќ претставува реакција на ставот на српската премиерка, Ана Брнабиќ, која коментирајќи ја најавата за „укинување на границата“ меѓу Албанија и Косово, направи паралела со граничната линија меѓу Србија и босaнскиот ентитет Република Српска.
Очигледно границите се на маса и сега имаме дека некои можат (да ги укинат границите), а Република Српска не може – изјави Брнабиќ.
Осврнувајќи се на изјавата, Комшиќ нагласи дека Белград наместо да се сврти кон соработка, евроaтлантските интеграции и стабилизација на регионот, упорно се обидува да повлекува „небулозни паралели меѓу делови на БиХ и Косово“.
Поединци во извршната власт на Србија не треба да мислат дека со дестабилизација на БиХ и извозот на сопствените проблеми, ќе можат да ја зајакнат својата преговарачка позиција. Ваквите изјави ја туркаат Србија во непотребни вербални конфликти со БиХ – нагласи Комшиќ.
Според него, српските власти треба да се запрашаат дали вакви изјави одат во полза на Белград или можеби им нанесуваат штети како на Србија, така и на вкупните регионални односи.
Суверенитетот, интегритетот и особено границите на Босна и Хрецеговина не можат да се доведат во прашање. Какво и да било релативизизрање на кој било прерогатив на Босна и Херцеговина, во најмала рака, е непристојно – додаде Комшиќ.
Comments are closed for this post.