Едно лице е примено и задржано во универзитетска болница во Упсала заради сомневање дека е заразено со ебола, јавува Ројтерс повикувајќи се на локални официјални извори од тој шведски град.
Лицето е примено во болницата во Енкопинг пред да биде префрлено во Упсала.
Клиниката за итни случаи во Енкопинг е затворена, а медицинскиот персонал кој бил во контакт со пациентот е под надзор, пренесува Ројтерс изјава на неименувано официјално лице.
Comments are closed for this post.