Македонски државјанин дивеел со 254 километри на час вчера на автопатот А3 кај Нова Градишка, Хрватска, додека полицијата не го запрела, пренесе „Хина“
Бродско-посавската полиција го запрела 31-годишниот „рекордер“ вчера околу 12:45 часот. Тој бил исклучен од сообраќа, добил парична казна и забрана за управување на возило од Б категорија еден месец.
Македонецот возел БМВ со германски регистерски таблички, на место каде брзината е ограничена на 130 километри на час.
Comments are closed for this post.