Кина од денеска ги замрзна за период од три месеци дополнителните царини за автомобилите и автомобилските делови произведени во САД, пренесува Ројтерс.
Владата привремено ќе ги откаже царините од 25 отсто за 144 видови автомобили и автомобилски делови и 5 процентните царини за 67 автомобилски делови и тоа во периодот од 1 јануари до 31 март 2019 година, објави на својот официјален сајт надлежното кинеско министерство.
Во декември, на самитот во Аргентина, кинескиот претседател Си Џинпин и Доналд Трамп, се договорија за 90-дневно примирје во трговската војна, за да можат да дадат време за преговори меѓу двете најголеми светски економии.
Comments are closed for this post.