Компликувани кореалции и компромиси мораше да направи Зоран Заев со цел да обезбеди парламентарно мнозинство за усвојување на промена на името на државата, анализира германсики „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), пренесува грчка „Ефимерида“.
„Во 2018 немаше многу добри вести од Југоситочна Европа, но таму имаше и некои позитивни случувања. Тука е вклучено решевањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија, спор кој трае 25 години“, пишува ФАЗ.
Весникот наведува дека на 15 јануари се очекува решавачко гласање во македонскиот парламент за уставните измени и за преименување на државата во „Северна Македонија“, за што е потребно двотретинско мнозинство. Доколку тоа се успее, тогаш Преспанскиот договор мора да биде усвоен од грчкиот парламент со просто мнозинство во февруари в година.
„Ова е единствен пат за да се отворат вратите на НАТО за малата балканска земја и најверојатно за отворање на преговорите со ЕУ за членство подоцна. Но, останува неизвесно дали ова ќе се случи. Во Скопје Зоран Заев е одговорен за обезбедување мнозинство од 80 пратеници. Токму затоа тој се реши на контроверзни компромиси“, истакнува весникот.
ФАЗ конкретно посочува на последниот Закон за амнестија, кој се однесува за група опозициски пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои учествувале во насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Весникот констатира дека амнестијата доаѓа во моменти кога Заев сака да обезбеди доволно мнозинство од пратениците. „Секако, ова не е официјално кажано. Но, типично за ова е што е формирана парламентарна комисија за помирување со опозициските противници“, додава весникот. Во суштина, станува збор за пратеници кои за да на одат во затвор заради насилствата се приклучуваат кон потребното мнозинство за договорот.
Притоа ФАЗ констатира дека „многу од поддржувачите на Заев се разочарани, кој повеќе пати убедуваше, па дури и во интервју за ФАЗ, дека нема да има амнестија во замена за обезбедување парламентарно мнозинство“.
Од друга страна, ФАЗ анализира дека ситуацијата во грчкиот парламент е многу поразлична и дека најверојатно победникот на наредните парламентарни избори, лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакисл, притиснат од десничарското крило во партијата, нема да го ратификува договорот. Од ова сценарио се плаши Македонија, која би можела да ја изгуби историската шанса да се приклучи кон Западот, констатира весникот.
Comments are closed for this post.