Украина одлучи роденденот на соработникот со нацистите да биде прогласен за национален празник, додека во исто време книга за друг национален лидер за акциите против Евреите е забранета.
Ова го јавуваат изралески медиуми, потенцирајќи дека одлуката на Киев предизвикува гнев кај Евреите.
Минатата недела украинскиот парламент (Рада) го прогласи 1 јануари за ден на национално одбележување за Степан Бандера, кој кус период им се приклучи на нацистичките окупациски сили во Украина. Националистот Бандера се надевал дека Германците ќе дозволат земјата да прогласи независност од Советскиот Сојуз, но нацистите подоцна го уапсиле.
Некои од соработниците на Организацијата на украинските националисти, кои тој ги предводеше, сториле неброени воени злосторства против Евреите.
Регионот на Лвов, родниот град на Бандера, овој месец прогласи „Година на Степан Бандера“, што предизвика протести од Израел. Во знак на протест, Тарик Јусеф Сирил Амар, поранешен акдемски директор на Центарот за урбана историја на Источна Европа во Лавов, ја врати наградата која му беше доделена од градот.
Од друга страна, украинскиот Државен комитет на Радиото и Телевизијата ја забрани „Книгата на крадците“ од шведскиот историчар Андерс Ридел која содржи критички анализи за акциите на Симон Петлиура, националист од раните години на 20. век, чии војници убиле многу Евреи во погромот кој почнал во 1919 година.
Еден руски Евреин го убил Петлиура во Париз во 1929 година како одмазда за погромот.
Comments are closed for this post.