Педесет и двегодишен маж почина во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово во близина на гостиварската патарина.
Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила околу 19 часот кога автобус со гостиварски регистерски ознаки удрил во пешак кој се нашол на коловозот. На местото на настанот дошла екипа на брзата помош, а лекар констатирал смрт на лицетот за кое се претпоставува дека е од гостиварското село Форино.
Во тек е увид што го води јавен обинител и екипа на гостиварската полиција
Comments are closed for this post.