Сите очи на македонската јавност во текот на дешешниот ден се вперени во Уставниот суд кој одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на 30 јули 2018 година.
Пред судот од изутрина помала група на граѓани мирно протестира со транспаренти на кои пишува „Предавници“ ибараат од судот да се стави во одбрана на Уставот а не на политичарите.
На седницата присуствуваат претставници на политичката партија „Левица“ и од Светскиот македонски конгрес, Димитар Апасиев и Тодор Петров кои се подносители на иницијативите, а судија известител е Елена Гошева која го образложува предметот.
Подносителите сметаат дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.
Судот има на располагање три можности но се очекува судиите да прасправаат во текот на целиот ден. Првата можност е да ја отфрли иницијативата, ценејќи дека прашањето не е такво за Уставниот суд да постапува. Втората може да биде Судот да ја одбие, односно да не поведе постапка кога веќе ја ставил во фаза на одлучување, и третата, може да одлучи да поведе постапка отпосле, да оди и на соодветно укинување или поништување.
Comments are closed for this post.