Добросав Гавриќ кој во отсуство е осуден на 35 години затвор поради убиство на Жељко Ражнатовиќ Аркан наскоро би можел да биде испорачан во Србија. Ова е можно откако Уставниот суд на Јужна Африка, каде е избеган го одби барањето да добие азил.
Ова предзивика бура од коментари во Србија, посебно од луѓе блиски на Аркан кои на социјалните мрежи се фалат дека ќе му приредат „топло“ добредојде во Србија.
Гавриќ стравува дека во Србија може да биде убиен и затоа бара властите во Јужна Африка да му одобрат азил.
Comments are closed for this post.