Најавеното покачување на патарините во Грција нема да стапи во сила на 1 јануари како што беше планирано, пишува грчки „Катимерини“ повикувајќи се на сајтот thessnews.gr. Причина за одлагањето е што покачувањето се уште не добило одобрување од надлежната комисија на Европската унија.

Со одлука на грчката влада, од 1 јануари патарините требаше да бидат зголемени од 66 до 150%.

Се очекува во април да биде познат реализаторот на проектот за воведување електронски систем за наплата на патарините, чиј почетен буџет изнесува 400 милиони евра.