Град Скопје се уште молчи на претставките на иницијатива „Го сакам Водно“ во врска со градежните активности за изградба на гасовод низ оваа планина. Активистите од организацијата посочуваат дека багерите работат надвор од трасата одобрена од Министерството за транспорт.
Незадоволни од функционирањето на парк шумата Водно, а како би придонеле во решавањето на проблемите, денеска активистите на иницијативата „Го сакам Водно“ му подарија новогодишно „пакетче“ со барања до градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Носење закон за Водно, испитување на постапката за Сончев Град, до врвот единствено со жичница, мапирање и чистење на дивите депонии, формирање ново јавно претпријатие „Водно“, надвор од оделението на ЈП „Паркови и зеленило“, кое би било задолжено за чистотата, стопанисување со паркинзите, со сопствена шумска полиција, се дел од 15-те барањата спакувани во „чоколадца“ за кои како што велат од иницијативата би можеле да придонесат во решавањето на проблемите.
Активистите на иницијативата порачаа дека барањата се конкретни, потребно е време, пари и човечки ресурси, но бенефитите од нив како што потнцираа се конечни и далекусежни.
Comments are closed for this post.