Завршуваат подготовките за најголемото модно случување годинава, традиционалната ревија на луксузниот бренд за долна облека „Викторија сикрет“. Од компанијата обелоденија дека овогодинешната ревија ќе се одржи во Њујорк, но без да го објават точниот датум.
Затоа, пак, се комплетира списокот на супермодели коишто ќе ја облеат модната писта со својата убавина. Од минатонеделниот кастинг до денеска, триесетина модели на социјалните мрежи го потврдија своето учество на ревијата.
Станува збор за интернационални имиња што веќе имаат искуство со настап на ревиите на „Викторија сикрет“, како што се Синди Бруна, Шанина Шајк, Девон Виндзор, Меган Вилијамс, Барбара Палвин или Џорџија Фаулер, но на ревијата ќе има и девојки коишто првпат ќе ги носат екстравагантните креации на брендот.
Меѓу новите ѕвезди ќе биде и Канаѓанката Вини Харлоу, која не го криеше одушевувањето кога успешно го мина кастингот.
Англискиот модел, Сејди Њуман …
Филипинката Кејси Мерит …
Манекенката од Австралија, Алана Волтон …
Португалката Исилда Мореира …
Австралијанката Даки Тот …
Американката Софи Грејс Ровенштајн …
Нигеријката Мајова Николас …
За сите овие модели слободно може да се каже дека се меѓу најубавите жени во светот, но сепак, ќе имаат „тешка“ задача да ги засенат нивните претходнички што веќе биле дел од гламурозното шоу, наречено ревија на „Викторија сикрет“, какво што беше минатогодишната ревија одржана во Шангај.
Comments are closed for this post.