Тешка злоупотреба и лажење на судиите е дека тие носеле пресуди под диктат на американската амбасада. За ова амбасадорот Џес Бејли испратил писмо до претседателот на Основниот суд Скопје1, дознава Пресинг ТВ неофицијално од американски извори.
Во амбасадата на САД во Скопје не беа достапни за коментар заради делумното затворање на владата.
Сепак, како што дознаваме, амбасадорот Бејли му пишал писмо на Иван Џолев, претседателот на Судот, во кое тој изразува разочараност од секојдневните информации што стигнуваат до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на американската амбасада.
Писмото е испратено и до министерката за правда, Рената Дескоска.
Comments are closed for this post.