Европската перспектива на Албанија зависи од нејзиното однесување, порача денес лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис, кој за Божик беше меѓу грчкото малцинство во Албанија. Мицотакис беше гостин на организацијата Омонија, како и на Аси Гонија, здружение на Критјаните.
„Сакам да ја знаете пораката која денес ја испраќам до соседот – со кој секогаш сакаме да имаме добри односи и почитување – тоа не може да се оспори: напредокот на Албанија кон ЕУ и европските институции е во релација со почитувањето на правата на грчкото малцинство. Тоа е нешто за кое ние не се повлекуваме“, изјави лидерот на грчката опозиција.
Мицотакис подвлече дека „тоа е порака која секој мора да ја разбере многу сериозно.
„Не е возможно земја која сака да биде дел од големото европско семејство да се однесува кон нашето малцинство несоодветно за европската рамка за почитување на правата на малцинствата“, истакна Мицотакис, кој во Албанија е со неговата сопруга Марева Грабовски.
Comments are closed for this post.