Во помошна зграда, најверојатно штала на древната куќа во предградието на Помпеја археолозите пронајдоа скаменети остатоци од отпрегнат коњ и седло.

Директорот на археолошкиот парк во Помпеја, Масимо Осана изјави на италијанската новинаска агенција Анса дека имотот припаѓал на високо позициониран римски воен офицер, па дури и генерал.

Осана рече дека во објектот се пронајдени остатоци од уште два или три коњи, пренесува Асошиејтед прес.

Помпеја е уништена по ерупција на вулканот Везув во 79 година, а Осана смета дека коњите настрадале како последица од гушење во вулканска пепел или од жешката пара.

Археолошкиот тим се надева дека вилата ќе биде отворена за јавност.