Конечната одлука околу можноста за амнестија ќе ја донесам до сабота или најдоцна недела. Се уште сум 50:50 дали да го сторам тоа, изјави за Пресинг Тв, Игор Дурловски.
Дурловски е еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, кој е меѓу 33-та обвинети за тероризам за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Пратениците завчер, со 95 гласови „за“ и ниту еден против, го донесоа Законот за амнестија, што се однесува за учесниците во настаните.
Comments are closed for this post.