Буџетот за 2019 година е во последната собраниска фаза и во интерес на граѓаните, државата и економијата за очекување е поддршка од сите пратеници во Собранието.
Буџетот за 2019 е домаќински, развоен и обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните, информираат од СДСМ.
Во продолжение соопштението од СДСМ,
Во 2019 година се очекува забрзан раст на Бруто домашниот производ од 3.2 отсто, каде што позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции.
Во 2019 година трендот на раст на платите ќе продолжи. Во Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, одбраната, полицијта, градинките, центрите за социјални грижи, судството, културата, додека повисоки плати за 10 отсто ќе добиваат лакрите специјалисти.
Се реформира и системот за социјална заштита. Со воведување на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права корисниците на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Се создаваат можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток.
Се обезбедуваат повеќе пари за инфраструктурни проекти, повеќе пари за мерки за вработување и зголемена поддршка за земјоделците.
Дополнително, низ контруктивната дебат во Собранието, прифатени беа и 9 амандмани поднесени од опозицијата во вредност од 500.000 евра.
Со Буџетот за 2019 година се остваруваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за економски раст и развој, нови инвестции и повеќе пари кај граѓаните.
Comments are closed for this post.