Во текот на 2016 година, Бугарија им дала државјанство на 1.585 луѓе, граѓани на држави надвор од Европската унија. Најмногу бугарски пасоши им се издадени на Руси-488, а на втори место се Украинците-278, велат податоците на Еуростат.
Интерес за бугарските пасоши пројавиле и жители на неколку соседни држави-во текот на годината документи добиле 145 граѓани на Турција, 142 од Македонија, како и 90 од Србија. Во Молдавија, каде бугарската дијаспора достигнува до 80.000 души, на 103 лица им се издадени документи за бугарско државјанство.
Исклучувајќи ја Европа, Азија е континент со најмногу издадени бугарски пасоши. Вкупно 271 лице добиле бугарско државјанство. Во Африка, бројката е 18, во Северна Америка-7, во Јужна Америка-5 и во Австралија-2.
Од Еуростат посочуваат дека издавањето бугарски пасоши на граѓани надвор од ЕУ расте секоја година. Во 2015 година тој број изнесува 1.261, што е речиси за 400 помалку од претходната 2014, а во 2013-та биле вкупно 756.
Според податоците на европската статистичка агенција, бројот на издадените бугарски пасоши на руски граѓани е за речиси петпати поголем. Додека во 2013 година тие биле 103, во 2014-та-146, а во 2016-та стигнуваат до 488.
Comments are closed for this post.