На Универзитетот ФОН се одржа свечената церемонија за Номинација за Нобелова награда за мир за 2019. Номинацијата за премиерите на Република Македонија и Република Грција ја објави добитничката на Нобелова награда за мир и професор honoris causa – Уидед Бушамауи.
Почестена сум што ги номинирам Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобеловата награда за мир. Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши сѐ, рече Бушамауи.
Номинацијата беше објавена денеска на ФОН Универзитетот, каде за значењето на Договорот од Преспа покрај Бушамауи, говореше и членот на Европскиот парламент од грчката владејачка партија Сириза, Стелиос Колуглу, кој рече дека договорот го решава долгогодишниот спор.
Договорот од Преспа не го решава само спорот со името кој постои последните 27 години, туку носи дефинитивна опција на македонскиот проблем по распадот на отоманската империја и балканизацијата на овој регион. Но тоа не е сè, како член на европскиот парламент може да ве уверам дека ова се единствените добри вести во моментов кој пристигаат од Европа, рече грчкиот парламентарец, Колуглу.
Зборувајќи за номинирание за нобеловата награда, деканот на ФОН, Нано Ружин рече дека и покрај тоа што премиерите на Грција и Македонија биле изложни на постојани притисоци и обвинувања од националистички кругови, успеале да ги реализираат своите хуманистички, пацифистички и космополитски идеи за како што појасни деканот Ружин, затворање на едно чкрапало наречено македонско прашање.
Заев и Ципрас не се Алберт Швајцер, Мајка Тереза, Мандела, Обама, нивните репутации и реализации не се како оние на Мартин Лутер Кинг или на Мандела. Тие не биле под тортура како што биле многу познати, но тие донесоа нешто ново во турбулентниот Балкан и врз стабилноста на регионот, рече Нано Ружин.
Нобеловиот комитет од Осло одлуката за доделување на нобеловата награда за мир ќе ја донесе идната година.
Comments are closed for this post.