Генерал Стојанче Ангелов е добитникот на орденот„ Свети Никола” на градот Штип. Општината Штип вечерва на свеченост ќе му го додели одрденот на генералот кој потекнува од овој крај.

Годинава одличјето „Свети Никола“ му го доделуваме на нашиот истакнат сограѓанин, патриот и херој којшто во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа, како се сака Република Македонија. Во 2001 година кога земјата ни крвареше, генерал Стојанче Ангелов не се штедеше туку со храброст и пожртвуваност замина на боиштата во одбрана на татковината. Генералот во сите изминати години жестоко се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата. Големината на овој човек е и во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување, рече Бочварски.

Признанијата „Свети Никола“ годинава ќе бидат доделени на бизнисменот Митко Штерјов, кој е почесен конзул на Република Романија во Република Македонија со седиште во Штип, потоа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој е почесен конзул на Црна Гора во Македонија со седиште во Штип и како општествено одговорна компанија Пеком Инженеринг, дооел Штип.

Тоа се граѓани и компанија кои даваат свој придонес за афирмација на Штип и на Република Македонија, вели Бочварски.

Орденот и признанието „Свети Никола“ за градот Штип ќе бидат доделени вечерва со почеток во 18 часот. По повод празникот Свети Никола утре во централниот храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“ ќе има свечена утринска литургија, на којашто се очекува да чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА Господин господин Стефан, по што ќе се формира литија, а на Градскиот плоштад „Слобода“ ќе се дели и славскиот колач.