Македонскиот автобус што излета и се преврте кај Лесковац возел со сто километри на час, пишува Република.рс. До излетувањето дошло бидејќи патот бил завеан и лизгав, потврдуваат од истрагата.
Засега е познато дека тројца патници починаа а повредени се 32. Еден од сведоците раскажува дека глетката била морничава.
Автобусот беше свртен на страна, патниците лелекаа а стакла имаше на сите страни. Четворица беа буквално заробени во авотбусот. Лекарите веднаш дојдоа да помогнат но беше доцна. Две жени пак беа заробени под автобусот, Пожарникари ги извдија и ги пренесоа во болница во Ниш и Лесковац
Comments are closed for this post.