Дрога, чија улична вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, запленета е во пристаништето Ираклион на Крит.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека бродот „Нока”, кој пловел под сириско знаме, превезувал над шест тони хашиш и преку три милиони таблети од халуциногената дрога „каптагон”, познати и како „џихадистичка дрога”.
Дрогата била скриена во 18 контејнери.
Бродот испловил од Сирија, а крајна дестинација била либискиот град Бенгази.
Единаесетчлениот екипаж, составен од десет Сиријци и еден Индиец, изјави дека не знаеле за илегалниот товар.
Според грчката крајбрежна стража дел од дрогата би завршил на нарко пазарите во Европа.
Comments are closed for this post.