Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во воена униформа го честиташе формирањето на косовската војска која се формираше денеска во Парламентот во Приштина. Тој на Фејсбук напиша дека ова значело многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдат до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите.
Косовската војска е уште еден темел на мирот и стабилноста на целиот регион со евроатланска перспектива што од денес, не само Косово, туку и цела Југоисточна Европа, добива уште еден сојузник во напорите за изградба на демократските западни капацитети во нашите држави, достојни за интеграција во НАТО и Европската унија-напиша Ахмети.
Comments are closed for this post.