Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно го повика премиерот Зоран Заев на телевизиски дуел.
Во фејсбук статусот, Мицкоски пишува дека премиерот Заев бега од дебата.
Условува, се препелка, лаже, се крие, затоа што не сака да се чуе вистината, вели лидерот на опозициската партија.
Ајде да се соочиме на дуел и граѓаните да видат кој е криминалец, а кој чесно си ја извршува својата функција”, вака зборуваше Зоран Заев во 2013-та година, и во 2016-та година велеше (цитирам), “заслужува граѓанинот на Македонија да види дебата помеѓу премиерот и шефот на опозицијата”. Денес 2018-та година месец декември, премиерот Зоран Заев бега од дебата. Условува, се препелка, лаже, се крие, затоа што не сака да се чуе вистината. И уште еднаш, којзнае по кој пат, си го погазува претходно реченото. Бега и се крие од дебата, по втор пат, првиот одби во кампањата пред референдумот, и сега на крајот од годината, а се крие затоа што треба да даде одговори за црнилата кои ги донесе на Македонија. Не сака да одговори за името кое спротивно на волјата на граѓаните го менува, за даноците кои ги покачува, со кои се удира по сите граѓани, а не само по богатите, за уништеното здравство и фактот дека Македонија е најзагадена држава во Светот, за сиромаштијата, за очајот и изневерените очекувања. За тоа дека нема просечна плата од 500 евра, дека нема поврат на ДДВ, нема инвестиции, го нема животот кој го ветуваше. Да одговори за неправдите и политичките притисоци и прогони. За криминалните тендери, за црниот Вотергејт во судството и обвинителството.
Тешко му е да оди на дебата, ама не му е тешко да излаже.
Устите им се полни со Европа, но само формално, не и на дело. Една од основните придобивки на европската политика е отвореноста и дебатата, тоа го заслужуваат и нашите граѓани.
Наместо афрички монарх, прифатете европски вредности.
Ајде без изговори, без банални оправдувања Заев прифатете дебата? Велите да сум ја кажел алтернативата, ќе ви ја кажам, тоа е вие да си заминете од власт, веднаш и што побрзо, затоа што со Вас Македонија тоне во црнила и драматично губи, имаме држава пред економски банкрот, за се останато ќе чуете на дебатата која се надевам дека ќе ја прифатите!“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Comments are closed for this post.