Доколку Преспанскиот договор помина во македонскиот парламент, грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, ќе си поднесе оставка од Владата на Ципрас, изјави тој откако македонската Влада на својата интернет страница ги објави усвоените амандмани за промена на Уставот. Каменос изјавата ја даде при посетата на старешините на Првата Армија во Лариса.
Им кажав и на офицерите со кои се сретнав, дека доколку Преспанскиот договор се усвои од ПЈРМ ќе си дадам оставка како министер за одбрана, со што лично ја преземам тежината на одговорноста, се повлекувам од Владата – изјави Каменос.
Во исто време, тој повтори дека „Преспанскиот договор е мртов“ по изјавите на Заев за „македонска нација и јазик“.
Тој додаде дека „последните изјави од Скопје“ покажуваат дека „тие продолжуваат со провокативните изјави, со што, според мое мислење ќе доведат да се повлече поддршката за Договорот, кој е мртов по тие изјави, кои се дадени за тој да помине полесно“.
На изјавите на Каменос, реагираше еден од креаторите на Договоро, поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој рече дека „изјавите на Каменос са дадени затоа што е тој политиќки мртов и партијата која ја создаде.
Тоа е проблемот и тој се обидува да излезе од него – истакна Коѕијас.
Comments are closed for this post.