Македонската фудбалска репрезентација до 21 години ги дозна противниците во квалификациската групата за пласман на ЕП во Унгарија и Словенија 2021 година. Ждрепката одржана во Нион, одлучи Македонија да биде во групата 6, заедно со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казакхстан и Фарски Острови.
Селекторот Добринко Илиевски вели дека Шпанија е фаворит, а против сите други во групата неговите избраници имаат квалиет со право да се надеваат на освојување бодови.
Задоволен сум од групата во која се најдовме за пласман на Европското првенство, но истовремено и многу внимателен. Шпанија е апсолутен фаворит, со сите други ќе се надигруваме. Треба да бидеме во најдобро наше издание доколку сакаме борба за добар пласман, а тоа секако ќе биде наша цел – изјави Илиевски за веб-страницата на ФФМ.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 10 септрември 2019 година против Фарски Острови на домашен терен.
Comments are closed for this post.