Најдобриот светски фудбалер и капитен на хрватската репрезентација Лука Модриќ го одбил Пари Сен Жермен пред да потпише со Реал Мадрид. Во интервју за хрватските медиуми вели дека кога чул за понудата од Реал ништо друго не го интересирало.

Кога чув за интересот на Реал ништо друго не ми беше важно. Не сакам да го навредам ПСЖ или некој друг клуб, но кога Реал ме посака тоа беше единствена опција, вели Модриќ.