Пријателот на Аркан откри досега непознати детали за поранешниот паравоен лидер. Според Драган Вучиќ Бего, Аркан работел за УДБА, убивал за службата и за сето тоа добивал вредни подароци.
-Се тоа беше врзано за државната безбедност. Аркан го зема УДБА од свое. Ми рече дека добил на подарок 16 пиштоли. Кога го прашав зошто баш 16, ми рече за секој што сум го убил по еден. Државата го почитуваше, каде да одеше го чекаше друг пасош и пари-раскажува неговиот пријател.
Comments are closed for this post.