Една од последните резиденции на златното време на Њујорк, некогашното засолниште на Јосип Броз Тито по обидот за атентат во 1963 година, резиденцијата на српскиот амбасадор во ОН, се продава за педесетина милиони долари. Според пишувањето на „Блиц“ за таа вила се заинтересирани шест купувачи. Меѓутоа како што објавува хрватски „Експрес“, биле заинтересирани шестмина, затоа што синоќа избувнал пожар во таа зграда. Американски медиуми објавуваат дека во пожарот три лица се повредени и еден пожарникар. Во гасењето на пожарот интервенирале дури 100 пожарникари, а за да ги изгасат им требало еден час.
Зградата во која избил пожарот има шест ката, 18 соби и 6 купатила, а во подрумот има винска визба. Тоа била прва зграда со два електрични лифта, кои уште се во функција.
Во луксузната резиденција е зачувано речиси се, вклучително и златните лустери, мермерните скали, па дури и шпоретот од 1905 година.
По една години преговори, наследниците на имотот на СФР Југославија – Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија постигнаа договор за продажба на тој луксузен објект.
Comments are closed for this post.