Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека глобалните испораки за прв пат достигнале 100 милиони барели дневно. Организацијата на земјите-извозници на нафта (ОПЕК) и САД го зголемија производството, наведува ИЕА која ги советува потрошувачите.


Производството во САД се врати на рекордно ниво, како од 2014 година, но ИЕА додаде дека растот на производството ќе се забави следната година поради тесните грла во испораките на нафта на пазарот.

Земјите на ОПЕК опфаќаат околу една третина од вкупното производство. Поголемите резерви од Либија, Ирак, Нигерија и Саудиска Арабија го компензираа падот во Иран, кој се соочува со нови санкции од САД, и во Венецуела.