Официјален Кремљ го отфрли повикот на САД за отстранување на инсталираните крстосувачки ракети „9M729“, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, наведувајќи дека системот е во согласност со Договорот за нуклеарно оружје од среден и краток дострел (ИНФ), потпишан во 1987 година помеѓу Москва и Вашингтон.
Висок американски претставник вчера порача дека Русија мора да ги отстрани ракетите „9М729“ и нивните лансирни рампи или да го замени опсегот на оружјето за да биде во согласност со ИНФ и со тоа да се избегне повлекување на САД од тој договор.
Русија нема ништо прекршено, ниту, пак, крши некој договор и останува посветена на сопствените обврски кон ИНФ, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Comments are closed for this post.