Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД Артан Груби во Вашингтон се сретна со в.д. заменик-помошникот државен секретар Сусан Фалатко која раководи со канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт Департментот.
Соговорниците, како што информира ДУИ, разговараа за процесот на уставните измени и спроведувањето на Преспанскиот договор, евро-атлантските интеграции на земјата, билатералните односи со САД, системските реформи, владеењето на правото и помирувањето.
Груби, како што се наведува, им се заблагодари на САД за големата поддршка за Македонија и регионот во изградбата на демократските капацитети и нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, која е неопходна и без алтернатива.
Фалатко ја изразила поддршка на САД за Преспанскиот договор и за интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската унија, како и нашите напори за успешно заокружување на овој процес.
Груби го посетил и американскиот Сенат каде заедно со конгресмени и сенатори и колеги од 80 држави, учествуваше на 12-от Парламентарен форум на безбедноста за разузнавање на кој се дискутираше за борбата против тероризмот и надзорот над агенциите за разузнавање и контраразузнавање. Груби се потпишал и во книгата на жалост за покојниот претседател на САД, Џорџ Буш.
Comments are closed for this post.